среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стефковски ексклузивно за Курир: Гази Баба организира голем настан за прослава на независноста на Македонија

Стефковски ексклузивно за Курир: Гази Баба организира голем настан за прослава на независноста на Македонија

Ексклузивно, во разговор за Курир градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски открива дека општината организира голем музички настан со кој ќе се одбележува 8ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија.

– На 07.09.2022 година од 20:00 часот на плоштадот во Автокоманда, општина Гази Баба организира голем музички настан во чест на 31та годишнина од независноста на Република Македонја. На настанот свое учество ќе имаат Некст Тајм, Ламбе Алабаковски, Бојана Скендеровски и Влатко Миладиновски. Ја користам оваа прилика да ги поканам жителите на општина Гази Баба, Скопје и цела Македонија да дојдат на плоштадот во Автокоманда и заедно да ја славиме независноста на Македонија, изјави Стефковски.