среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стефковски: Фекалната канализација во Смилковци ќе биде готова до септември 2022 година

Стефковски: Фекалната канализација во Смилковци ќе биде готова до септември 2022 година

Граѓаните на овие локални избори испратија јасна порака дека се потребни промени во Македонија, а резултатите од изборите јасно ја наметнаа и темата дека владата на Зоран Заев и СДСМ немаат повеќе кредибилитет и дека се потребни брзи избори. Тоа впрочем се докажа и со обединувањето на целата опозиција, вклучително и БЕСА и е голем чекор напред во однос на демократските процеси во државата, вели градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.

Во однос на буџетската каса Стефковски вели дека општината има доволен буџет, но дополнително преку развојни програми ќе се обезбедат средства за да ги реализираат проектите за кои како што рече се обврзале пред граѓаните.

Во однос на Буџетот на општината имаме буџет за да функционираме нормално, меѓутоа планираме и голем број на развојни програми со кои ќе обезбедиме дополнителни средства за да ги реализираме сите оние проекти со кои што се обврзавме пред граѓаните, изјави тој.

Секој проект знаеме дека треба да започне од фаза на основен проект, изработка итн за да дојдеме до фазна реализација. Јас откако стапив на функција веднаш мојата изборна програма ја преточив во програма на општината и проектите се поделени по сектори и секој сектор е задолжен да направи динамика за реализација на проектите и Акциски план. И нормално таа веќе програма е програма на општината и која во наредните 4 години ќе ја реализираме и веќе дадов насока за изработка на проектна документација на голем дел на капитални проекти, рече Стефковски.

Стефковски посочи дека голем број на жители во руралните среди се соочување со немање на вода за пиење и фекална канализација, додавајќи дека тој горлив проблем мора да се реши.

-Најголем проблем во руралниот дел се немањето на водовод и фекална канализација. Значи ние имаме населени места коишто немаат вода за пиење, како што се Раштак, дел од Булачани, Брњарци и Страчинци и поголем дел од населените места се уште немаат фекална канализација и тоа се едни од горливите проблемите кои што почнуваме да ги решаваме уште еднаш. Јас минатата недела заедно со Светска Банка бев на увид кои што работи на еден проект преку грант од Светска Банка и кредитен заем за фекални канализации во Смилковци и Јурумлери и направивме увид и ги динамизираме активностите кои што се однесуваат во однос на фекалната канализација, меѓутоа детектиравме и голем дел на пропусти при изработка на овој проект, односно испуштени се повеќе краци во населеното место Смилковци и работиме на отклонување на тоа и побрзо завршување на оваа фаза. Крајниот рок на комплетно завршување на фекалната канализација во Смилковци ни е септември 2022 година, што значи секое домаќинство да биде приклучено на фекална канализација, рече Стефковски.