Kлубот на моторџии „Ангели чувари” денеска официјално се отвори во Автокоманда.
За настанот присуствуваше и градоначалникот Бобан Стефковски кој истакна дека тој и Општината се подготвени за воспоставување на соработка и реализација на заеднички проекти.
-Имав чест да присуствувам на отворањето на новиот клуб на моторџии кој се отвори во Автокоманда. Среќен сум што на територија на нашата општина започна да функционира еден ваков клуб чија цел е едукација, промоција и афирмација на мото културата. Од страна на основачите на клубот ми беше доделена благодарница за поддршката која им ја дадовме во изминатиот период. Им честитам на младите дечки Александар, Диме, Благоја, Тоше и сите останати за жарот, енергијата и посветеноста која ја вложија во отворањето на овој клуб. Општина Гази Баба и јас како градоначалник сме подготвени за воспоставување на соработка и реализација на заеднички проекти. Нека е со среќа отворањето на клубот, да реди успеси и да функционира со години, напиша Стефковски.