четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стефковски: Гази Баба е културна престолнина на Скопје

Стефковски: Гази Баба е културна престолнина на Скопје

Вчера со оддржување на првата фестивалска вечер на плоштадот во Автокоманда, започна Меѓународниот фолклорен фестивал “Гази Баба 2023”.

-Како градоначалник на општина Гази Баба им посакав добредојде во нашата општина на културно уметничките друштва од Република Полска, Романија и Чешка, како и на уметничките друштва кои доаѓаат од Кратово, Јегуновце, Велес, Делчево, Аеродром и Тетово. Македонскиот народ досега секогаш успевал, без оглед на околностите во кои опстојувал, да го зачува највредното и да го пренесе на поколенијата. Успевал на најдостоинствен начин да одговори на аманетот на предците, да го сочува својот национален и културен идентитет. Токму народната игра и песна, како дел од фолклорот и дел од севкупното духовно творештво на еден народ, се значаен субјект на националниот и културен идентитет на секој народ. Сакам да искажам јавна благодарност на коорганизаторот на Меѓународниот фолклорен фестивал, Ансамблот Јонче Христовски, кој преку овој фестивал на народни песни и игри, ги промовира македонските културни вредности и го презентира македонскиот фолклор, но воедно ја промовира и докажува македонската гостопримливост и отвореност кон сите кои ги негуваат овие трајни вредности. Општина Гази Баба преку реализацијата на програмата за култура и организацијата на бројни културни настани и манифестации преставува културна престолнина на градот Скопје, истакна вчера градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.