среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стефковски: Гази Баба избрана за најповрзувачка општина во Скопскиот регион

Стефковски: Гази Баба избрана за најповрзувачка општина во Скопскиот регион

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во објава на својата официјална страна на фејсбук, информира дека денес примил признание за избрана најповрзувачка општина.

Во објавата, градоначалникот Стефковски напиша:

ГАЗИ БАБА ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОВРЗУВАЧКА ОПШТИНА ВО СКОПСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН.

Утрово на мое големо задоволство го примив признанието за изборот на општина Гази Баба за најповрзувачка општина во рамките на Скопскиот плански регион.

Од страна на Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” и неговите партнерски организации е реализиран овој проект за избор на вело општина.

По направените испитувања на општината е спроведена јавна анкета на која граѓаните ја избраа општина Гази Баба за најповрзувачка општина во Скопскиот плански регион.

Ова е уште едно признание кое преставува доказ дека општина Гази Баба посветено работи и реализира проекти во сите области на општественото живеење.

Како локална самоуправа ќе продолжиме и понатака со инвестирање во велосипедизмот во општината, преку субвенциите за граѓаните за набавка на велосипед, а оваа година за прв пат општината ќе постапи велосипедски паркинзи и сервисни станици на различни локации.

Дополнително оваа година општината самостојно ќе го организира одбележувањето на Европската недела на мобилноста преку различни активности за подигање на свеста кај населението. – напиша Стефковски.