среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стефковски: Гази Баба се гради и развива

Стефковски: Гази Баба се гради и развива

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денес направи посета на Попово Маало каде што се реализира асфалтирање на локални улици.

За посетата градоначалникот Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

Се асфалтираат локални улици во Попово маало.
Денес направив посета на Попово маало каде се реализира асфалтирање на локалните улици.
Жителите на Попово Маало велат дека по 20 години газење по кал, конечно општината инвестира во патната инфраструктура и во нивното маало.
Од првиот ден како градоначалник сум кажал дека заборавени населени места во општина Гази Баба нема да има.
Улици ќе се асфалтираат насекаде.
Го паметам секое дадено ветување и секојдневно работам на реализација на проекти со кои ќе ја направиме општината поубаво место за живеење.
Гази Баба се гради и развива! – напиша Стефковски.