петок, 2. февруари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Стефковски: Гази Баба се сеќава. Денес се навршуваат 6 години од поплавите

Стефковски: Гази Баба се сеќава. Денес се навршуваат 6 години од поплавите

На денешен ден 6ти Август во 2016та година општина Гази Баба беше зафатена од голема поплава која нанесе материјални штети и однесе 22 човечки животи.

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски на својата официјална страна на фејсбук по повод годишнината од поплавите напиша:

Денес навршуваат шест години од катастрофалната поплава која ја зафати општина Гази Баба.

22 наши сограѓани ги загубија своите животи и болката по нив ќе трае засекогаш.

Материјалната штета беше огромна. Домовите на жителите од Стајковци, Сингелиќ и околните населени места беа целосно уништени. Големата количина на вода за миг однесе се.

Кога навидум се беше разрушено се роди новата надеж. Многу општини и градови од Македонија, многу држави од светот ја покажаа својата солидарност и хуманост кон нашата општината.

Како градоначалник и денес изразувам благодарност до сите оние кои на било каков начин дадоа придонес во справувањето со последиците од поплавата.

Почитувани граѓани,
Жртвите од поплавата како и солидарноста и хуманоста на илјадници луѓе кои помогнаа во справување со последиците од поплавата не смееме никогаш да ги заборавиме.
Гази Баба се сеќава!
Никогаш да не се повтори!
Никогаш да не се заборави! – напиша Стефковски