Комисијата за теренска проверка на договорите за уличното осветлување го достави извештајот за спроведената проверка со следниот заклучок:
Комисијата утврди дека постојат разлики помеѓу изведените работи и прикажаните работи во фактурите од страна на економскиот оператор, односно истите не се совпаѓаат.
Извештајот е поткрепен со фотографии.
По ваквиот извештај од комисијата, евидентно е дека е направена штета врз буџетот на општина Гази Баба.
Поради тоа за утре 26.01.2022 година во 11:30 часот закажав прес конференција на која на јавноста ќе ги преставиме утврдените разлики.
Парите во буџетот на општината се пари на граѓаните и никој нема право да ги злоупотребува.
Од мене граѓаните ќе имаат транспарентно и отчетно работење, бидејќи граѓаните имаат право да ја знаат вистината.
Напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски