Горд Македонски народе од срце Ви благодарам!
Повеќе од 3000 луѓе вечерва на плоштадот во Автокоманда ја славеа независна Македонија!
Гордост и обврска е да се биде македонец!Гордост е да живееш во независна Македонија!
Некој сеуште мисли дека ние македонците ќе станеме фуснота во нечија туѓа историја. Дојдено е времето да ги искорениме перцепциите дека сме мали и дека секој може да не негира.
Ние сме историска и современа реалност. Имаме своја држава, права и иднина!
За жал нас македонците и после 32 години држава, некој упорно се обидува да не врати на почеток. Да не крсти и прекрстува, да ни наметнува јазик и некаква си заедничка историја. Одат до таму па и учебниците од кои ќе учат нашите деца ќе се пишуваат по диктат од друга држава!
Македонците се борат и ќе се изборат!
Биди горд народе македонски, доаѓаат подобри времиња!, пишува на својата Фејсбук страница градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски.