среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стефковски: Ќе се подобри патната инфраструктура во Гази Баба

Стефковски: Ќе се подобри патната инфраструктура во Гази Баба

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски заедно со директорот на ЈП Улици и Патишта Борис Настов денес 15.04.2022 година, беа во посета на улицата „Христофер Жефаровиќ“ во Ченто.

За посетата градоначалникот Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

-Заедно со директорот на јавното претпријатие Улици и Патишта Скопје, Борис Настов направивме посета на улицата „Христофер Жефаровиќ“.

Со директорот Настов договоривме во следниот период да започнеме постапка со која низ заедничка соработка со Градот Скопје ќе извршиме асфалтирање на улицата.

Соработката на општина Гази Баба со Градот Скопје и јавните претпријатија ќе продолжи и во следниот период со цел реализација на голем број на проекти за подобрување на патната инфраструктура во населените места низ општина Гази Баба, напиша Стефковски

Соработката на општина Гази Баба во Градот Скопје досега резултираше со комплетна реконструкција на паркот Склуптура во Автокоманда и со склучување на договор за меѓуопштинска соработка за реконструкција на улицата Перо Наков.