среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стефковски на саем во Сараево ја промовира Гази Баба

Стефковски на саем во Сараево ја промовира Гази Баба

Делегација на општина Гази Баба предводена од градоначалникот Бобан Стефковски учествува на саем за промоција на општината пред инвеститори во Сараево, Босна и Херцеговина.

За посетата на саемот градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

ОПШТИНА ГАЗИ БАБА УЧЕСНИК НА ТРИДНЕВНИОТ САЕМ “REAL EXPO 2023” ВО САРАЕВО.

Како градоначалник ја предводам делегацијата на општина Гази Баба која од денес учествува на тридневен саем во Сараево, Босна и Херцеговина.

Овие три дена нудат одлична можност за вмрежување на контакти со инвеститори за нови гринфилд капацитети, зелена инфраструктура и нови технологии.

Остварив продуктивни средби со потенцијални инвеститори и официјални преставници од Арапските земји.

Општина Гази Баба е единствена општина од градот Скопје која учествува на овој саем. Покрај Гази Баба, на саемот своја промоција имаат и општините Охрид, Битола, Ресен и Гевгелија.

Промоцијата на општина Гази Баба со цел привлекување на нови инвестиции ќе продолжи и во следниот период.

Нашата цел е обезбедување на рамномерен регионален развој кој ќе ја направи општина Гази Баба подобро место за живеење. – напиша Стефковски.