сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стефковски на средба со Амбасадорот на Словенија

Стефковски на средба со Амбасадорот на Словенија

Денес 23.05.2022 година во просториите на Амбасадата на Република Словенија во Скопје се оддржа средба помеѓу градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски и Амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија Н.Е Милан Предан.

На средбата присуствуваа и преставници на Земјоделскиот институт од Скопје.

За средбата градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

Денес, остварив средба со Н.Е. Милан Предан, Амбасадор на Република Словенија во Република Македонија. 🇲🇰🇸🇮
На средбата присуствуваа и претставници од Земјоделски Институт – УКИМ Скопје, дирекорот проф. д-р Виктор Ѓамовски и проф. д-р Марија Ковачевиќ.
Ја презентиравме стратешката иницијатива на Општина Гази Баба и Земјоделскиот Институт за основање на Иновативен Центар на скопскиот плански регион.
Побаравме поддршка од Амбасадорот Милан Предан да помогне во поврзувањето со слични такви институции во Словенија, а со цел размена на искуства и најдобри практики во функцонирањето на таква институција.
Се разговараше и за можноста Општина Гази Баба да се збратими со општини во Република Словенија, со цел културна, економска и образовна соработка, како и подготовка и аплицирање на проекти во европските фондови.
Од друга страна, Земјоделскиот Институт побара поддршка од Амбасадорот за поврзување со градот Марибор и Институтот за земјоделие со седиште во Марибор, за научна и проектна соработка од сферата на smart земјоделие и агротуризмот.
На средбата се договори и заедничка еколошка акција за чистење на парк шумата Гази Баба, а со вклучување на општина Гази Баба и учениците од ОУ во Гази Баба, Земјоделски Институт со својот персонал, како и Амбасадата на Република Словенија предводена од Н.Е. Милан Предан Амбасадор на Република Словенија во Република Македонија, напиша Стефковски