среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Стефковски најавува незаборавна забава за сите деца на 1 Април

Стефковски најавува незаборавна забава за сите деца на 1 Април

Градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски најавува незаборавна забава за сите дечиња на плоштадот во Автокоманда.

-Со посебно задоволство, сакам да ја најавам Априлијадата 2023 под мотото “Сите под маски”. Најавувам незаборавно дружење за нашите најмили дечиња со Светот на Биби, Поточиња, кловнови и омилените детски ликови од цртаните филмови. Ве повикувам да ги маскирате Вашите дечиња, бидејќи 1ви Април, е денот кога секое дете живее во улогата од својот сон, објави Стефковски.

Настанот ќе започне во 11 часот во сабота.