петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стефковски: Населба Ченто добива нов парк на површина од 5000 метри квадратни

Стефковски: Населба Ченто добива нов парк на површина од 5000 метри квадратни

Ченто добива нов парк на површина од 5000 метри квадратни.-

-Утрово заедно со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и директорот на ЈП Паркови и Зеленило Ангеле Сотировски означивме почеток на градба на новиот зелен парк во населба Ченто. Паркот ќе содржи нови зелени површини со поставен систем за наводнување како и нови дрвја и вегетација, а се предвидува и флористичко збогатување на просторот. Изградбата на паркот се врши на улица Јужноморавски бригади на просторот позади спортската сала. Овој простор често во минатото беше место за диво депонирање на отпад, а денес на негово место се гради голем зелен парк, информира градоначалникот Бобан Стефковски.

Тој посочи дека овој парк е доказ за одличната соработка која ја има општина Гази Баба со Градот Скопје и јавно се заблагодарам на градоначалничката Данела Арсовска за силната поддршка.

-Изминатиот период извршивме реконструкција на паркот спроти средното училиште Панче Арсовски, градиме мултифункционален парк во Триангла, се подигаат нови зелени површини, засадени се над 4000 нови садници но сето ова е само почеток. Следуваат години на развој на нашата Гази Баба, истакна градоначалникот.