четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стефковски: Нема да дозволам дивоградби во Гази Баба, градежната мафија нека бара друго место

Стефковски: Нема да дозволам дивоградби во Гази Баба, градежната мафија нека бара друго место

Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски информираше за организирана акција помеѓу општината и МВР за затворање на градилиште каде што е започната изградба на дивоградба на земјиште, сопственост на Република Македонија.

Во објавата, градоначалникот Стефковски напиша:

„НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ ДИВОГРАДБИ ВО ГАЗИ БАБА!

КОМПРОМИС СО СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ НЕМА!

УРБАНАТА МАФИЈА НЕКА БАРА МЕСТО НАДВОР ОД ГАЗИ БАБА!

Утрово во организирана акција, Секторот за инспекциски работи на општина Гази Баба заедно со преставници од Министерството за внатрешни работи го затвори градилиштето во населеното место Инџиково.

На земјиште сопственост на Република Македонија изминатиот период е започната изградба на објект без соодветна документација.

Согласно утврдените законски процедури, незаконски изградениот објект ќе биде отстранет и на тоа место општина Гази Баба ќе изгради детска градинка за жителите од Инџиково.

Од првиот ден на мојот мандат за градоначалник на општина Гази Баба кажав дека компромис со спроведувањето на законот нема никогаш да правам.
Изградба на дивоградби нема да дозволам!

За градежната мафија место во општина Гази Баба нема!“ – напиша Стефковски.