Неспособноста на менаџментот на институциите на градот Скопје повторно излезе на виделина. Недостатокот на соодветно менаџирање на институциите под надлежност на град Скопје доведоа во состојба граѓаните во нашите општини да се соочат со проблем и не собирање на сметот од страна на ЈП Комунална хигиена иако сите ние како граѓани им плаќаме месечна такса, вели градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.
„Имајќи го предвид наведеното, остварив телефонска комуникација со градоначалниците на општините Илинден и Петровец, Александар Георгиевски и Борче Митевски со кои се договоривме да испратат камиони за собирање на сметот од контејнерите во општина Гази Баба. Ја мобилизирав дел од администрацијата и целото ЈКП Гази Баба и во текот на вечерта ќе се превземат теренски активности за подигање на сметот.
Граѓаните пред и над се“ – посочи тој.