недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стефковски:Нема да има улица со кал во Гази Баба

Стефковски:Нема да има улица со кал во Гази Баба

Денес 23.07.2022 година продолжи акцијата за асфалтирање на локални улици во општина Гази Баба. Се асфалтираше улица 9 во населеното место Трубарево.

За асфалтирањето градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

– Дадениот збор се исполнува. Асфалтирана е улица 9 во Трубарево. Акцијата за афсалтирање на локални улици ја опфати и улица 9 во населеното место Трубарево. Досега се асфалтираа локални улици во Инџиково, Ченто, Јурумлери, Ергеле, Кирил Петрушевски и Трубарево. Продолжуваме и во следните денови. Молам за разбирање и трпение кај сите граѓани. Имаме план и визија. Инвестираме во патна инфраструктура како никогаш досега. Новото време во Гази Баба ќе донесе улици без кал низ целата општината. За тоа го имате мојот збор, напиша Стефковски.