среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стефковски: Нула трошоци за учество на екскурзии за ученици од социјално загрозени семејства

Стефковски: Нула трошоци за учество на екскурзии за ученици од социјално загрозени семејства

НУЛА трошоци за учество на екскурзии за ученици од социјално загрозени семејства. Со почетокот на новата учебна година, започнува со реализација и проектот НУЛА трошоци за учество на екскурзии за ученици од социјално загрозени семејства, најави градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.

„Сите општински основни училишта добија задолжение за реализација на овој проект согласно Правилник за начинот на изведување на екскурзиите, излетите и другите вонучилишни активности на учениците од основните училишта.

Уште еден проект од изборната програма е реализиран“ – истакна тој.