Денес 21.07.2022 година, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефсковски беше во посета на ЈУДГ 25 Мај во Ченто каде што денес пристигна новото возило наменето за доставување на храна.
За пристигнувањето на возилото градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:
– Детската градинка 25 Мај во Ченто доби ново возило за доставување на храна. Денес бев во посета на ЈУДГ 25 Мај каде што пристигна новото возило наменето за доставување на храна од централната кујна до клоновите на градинката. Возилото е марка “Caddy 5 Cargo” и е со вредност од 1.320.000 денари, средства обезбедени до буџетот на општина Гази Баба. Со набавката на ова возило продолжуваат инвестициите во детските градинки. Во следниот период ќе продолжат инвестициите и во обезбедување и адаптација на нови просторни капацитети за згрижување на деца, напиша Стефковски.