По иницијатива на Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, општина Гази Баба организира голема хуманитарна акција под мотото “Биди општествено одговорен – ДОНИРАЈ”.
Целта на хуманитарната акција е да се обезбедат 500 хуманитарни пакети со намирници во храна кои ќе бидат поделени на социјални семејства од територија на општина Гази Баба.
За спроведувањето на акцијата, денес во просториите на општина Гази Баба беше потпишан меморандум за соработка помеѓу општина Гази Баба и Макстил, Либерти Скопје, Мак Аутостар, Пивара Скопје и Виталиа, приватни компании кои прифатија соработка за спроведување на оваа хуманитарна акција.
За потпишувањето на меморандумот, градоначалникот Стефковски информираше на својата фејсбук страна.