Денес 18.03.2022 година, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со преставници од УСАИД го отворија првиот младински клуб во рамки на Месната заедница во Стајковци.
За отворањето на младинскиот клуб, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:
Денес во просториите на Месната заедница Стајковци го отворивме првиот младински клуб.
– Овој проект го реализиравме во соработка со УСАИД и е во рамки на проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието. Иницијативата за отворање на ваков младински клуб дојде од страна на училишните парламенти на општинските основни училишта Кирил и Методиј, Дане Крапчев и 25 Мај. На денешната средба во разговор со учениците ги слушнав нивните идеи и предлози со цел создавање на поквалитетно образование на најмладите. Инвестициите во создавањето на квалитетно образование и восипитание на нашите дечиња ќе продолжат и во иднина преку реализација на голем број на проекти, напиша Стефковски.