По 4 часа интензивна работа на терен ги информирам граѓаните дека сите настанати последици од невремето се расчистени, информираше доцна вечерва преку социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски.
Во овој момент на територија на општина Гази Баба нема прекин во сообраќајот на ниту една улица.
Им благодарам на вработените во ЈКП Гази Баба и јавните претпријатија на Градот Скопје за посветеноста во расчистувањето на критичните точки.
Им благодарам и на граѓаните за разбирањето и трпението, пишува Стефковски во својата објава.