Денес целиот свет го одбележува 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот!
-На овој ден сите ние треба да ги потврдиме нашите заложби за унапредување на правата на работниците како и постигнување на целосна имплементација на позитивните законски прописи и склучени колективни договори, објави на Фејсбук градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
Посочува дека изминатиот период во општина Гази Баба се забележува значителен напредок на полето на хигиената и комуналната чистота за што најзаслужни се сезонските работници кои секојдневно се грижат за чистотата.
-Како градоначалник на општина Гази Баба објавувам дека ќе покренам иницијатива за зголемување на платите на ангажираните сезонски работници во ЈКП Гази Баба 2007, што верувам дека за нив ќе биде мотив за уште поголема ангажираност, вели Стефковски.