вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стефковски пушти во употреба нова фитнес зона во Колонија

Стефковски пушти во употреба нова фитнес зона во Колонија

Градоначалникот на општината Гази Баба, Бобан Стефковски преку статус на Фејсбук информира дека е пуштена во употреба новата фитнес зона во Колонија.

„Ја пуштивме во употреба новата фитнес зона која ја изградивме во населеното место Колонија.
Зоната е изградена на најсовремена тартан подлога и преставува уште едно место за спорт и рекреација на жителите од Колонија.

Како локална самоуправа претходно изградивме фитнес зона во рамките на мултифункционалниот паркт во Триангла, а во следниот период ќе се изградат фитнес зони и во други населени места.

Преку изградбата на зоните овозможуваме бесплатно користење на најсовремени справи за сите љубители на фитнесот.

Продолжуваме со реализација на проекти во сите населени места низ општина Гази Баба.

Започнуваме трка со времето за реализација на што повеќе проекти“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

За нашата Гази Баба!