Се асфалтираат локални улици во Ченто, најавува Бобан Стефковски, градоначалникот на Гази Баба.
„Продолжува акцијата за асфалтирање на локални улици на територија на општина Гази Баба.
Во тек е асфалтирање на краци од улица Сава Михајлов во Ченто.
На вчерашната седница на Советот, предложив и беше усвоено зголемување на средствата наменети за рехабилитација и изградба на нови улици.
Продолжуваме и во следниот период“ – најави тој.