четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стефковски: Сите комплетни предмети за легализација ги решивме

Стефковски: Сите комплетни предмети за легализација ги решивме

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, во објава на својата официјална фејсбук страна, информира дека сите предмети за легализација на безправно изградените објекти за кои има целосна документација во општината се решени.

Во објавата, градоначалникот Стефковски напиша:

Во првата година од мандатот, решивме 2500 предмети за легализација.
Воведовме нова динамика на решавање на предметите за легализација и со гордост можам да кажам дека сите предмети за кои во општината има целосна документација се завршени со донесено решение за легализација.
Ги повикувам граѓаните кои сеуште имаат активни предмети во општината да дојдат во Секторот за урбанизам и да ги комплетираат своите предмети со потребните документи.
Посебно сум среќен што по долги години чекање, изминатиот период успеавме на многу семејства да им го решиме правниот статус на објектите во кои живеат.
Општината е отворена за граѓаните, бидејќи општината е дом на граѓаните! – напиша Стефковски.