недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Стефковски со новогодишно обраќање: 2023 година ќе биде година на напредок за Гази Баба

Стефковски со новогодишно обраќање: 2023 година ќе биде година на напредок за Гази Баба

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски на својата официјална страна на фејсбук објави видео од новогодишно обраќање.

Во објавата градоначалникот Стефковски напиша:

Од се срце, во мое име и во името на моето семејство Ви посакувам да Ви се исполнат сите желби. Да имате топлина во домот и радост кај Вашите најмили.

Животот не научил да бидеме трпеливи и солидарни.

Имајте широко срце, почитувајте се меѓусебе и помагајте си!

Следните 365 дена од новата 2023 година нека Ви бидат исполнети со добро здравје, неизмерна среќа и благосостојба во Вашиот дом и семејство!

Среќна нова 2023 година – напиша Стефковски.