радоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски утрово на својата официјална страна на фејсбук објави видео обраќање до граѓаните на општина Гази Баба по повод една година од оддржувањето на локалните избори.
Во објавата градоначалникот Стефковски напиша:
Почитувани сограѓани,
Денес е 17ти октомври, денот на кој пред една година на локалните избори ми ја дадовте довербата да бидам градоначалник на општина Гази Баба.
Сакам уште еднаш да Ви се заблагодарам за дадената доверба!
Изминатите 365 дена работевме макотрпно и интензивно. Реализиравме 210 проекти!
А што се направивме ќе имате можност да видите во отчетот кој ќе го дадам пред Вас, граѓаните на Гази Баба.
Една година подоцна, со целосна одговорност можам да кажам дека дадената доверба не ја изневерив.
Јас сум еден од Вас и ги знам проблемите со кои се соочувате. Работам посветено и истрајно, 7 дена во неделата.
Ова е нашиот голем заеднички почеток. Работите се придвижуваат напред и кон подобро. Годината зад нас е доказ дека и во Гази Баба можело да се работи и да биде поинаку.
Следуваат години на напредок и развој за нашата Гази Баба.
За тоа го имате мојот збор! – напиша Стефковски.