Новиот градоначалник на општината Гази Баба, Бобан Стефковски преку изјава денеска и даде поддршка на Данела Арсовска пред вториот круг од локалните избори во недела на 31 октомври.
-Почитувани граѓани на Општина Гази Баба,
Драги Скопјани,
Вечерва завршува изборната кампања за вториот круг на гласање за избор на Градоначалник на Градот Скопје.
Изминатите четири години СДСМ и Петре Шилегов имаа шанса, покажаа дека ниту знаат, ниту можат. За Гази Баба не направија ништо.
Затоа Ве повикувам, во недела масовно да излеземе на гласање и по примерот со Гази Баба да дадеме силна, убедлива поддршка за Данела Арсовска гласајќи за бројот 82. Да ги заокружиме промените во Скопје, а потоа ќе покажеме како се работи. Дел од промените во Гази Баба веќе можете и сами да ги видите. А со промената во Скопје ќе има нови водоводни и канализациони системи, нов булевар Благоја Стефковски, нов мост од Кирил Петрушевски кон последна 5ка во Аеродром, проширување на влезот на Скопје како и многу други проекти за кои е потребна поддршката на Данела Арсовска бидејќи таа е решението на проблемите на Скопјани! Сите заедно за модерно Скопје! Сите заедно за модерна и напредна Гази Баба, истакнува Стефковски.