петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стефковски: Во Ергеле повеќе нема неасфалтирана улица

Стефковски: Во Ергеле повеќе нема неасфалтирана улица

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во објава на својата официјална страна на фејсбук информира дека денес бил во посета на населеното место Ергеле каде што се во тек градежни активности за асфалтирање на локални улици.

Во објавата градоначалникот Стефковски вели:

ВО НАСЕЛЕНО МЕСТО ЕРГЕЛЕ ПОВЕЌЕ НЕМА НЕАСФАЛТИРАНА УЛИЦА.

Направив посета на населеното место Ергеле каде што се во тек градежни активности за асфалтирање на улица три.

Со асфлатирањето на оваа улица, како и превземените активности за асфалтирање со претходната акција можам да кажам дека во населеното место Ергеле нема повеќе неасфалтирана улица.

Имав можност да се сретнам со тетка Елица и чичко Миле кои ги запознав за време на изборната кампања во октомври 2021 година. Тетка Елица ми кажа дека нивниот дом и улица ги посетиле многу политичари, сите ја ветувале изградбата на улицата, но вели: “по 60 години газење кал и ние добивме асфалт, конечно некој си го исполни ветувањето”.

За мене е задоволство кога имам можност да сретнам среќни и задоволни луѓе. Целта на моето работење е да исполни секое ветување дадено пред граѓаните.
Мојот мандат еден ден ќе заврши, а делата се тие кои ќе зборуваат за ова време. – напиша Стефковски.