петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стефковски: Во Гази Баба се отвора дневен центар за лица со попреченост, проект вреден 16 милиони денари

Стефковски: Во Гази Баба се отвора дневен центар за лица со попреченост, проект вреден 16 милиони денари

Денес е значаен ден за општина Гази Баба, заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и директорот на Центарот за развој на Скопскиот плански регион, Јане Мицевски направивме увид и отворање на објект кој што ќе биде наменет за лица со телесна и интелектуална попреченост, истакна градоначалникот Бобан Стефковски.

Посочи дека дневниот центар ќе овозможи поголема инклузивност на лицата со попреченост, а ќе обезбеди нивно секојдневно сместување, реедукација и рехабилитација.

-Овој проект чини 16 милиони денари, од кои што 10 милиони денари се обезбедени од буџетот на општина Гази Баба, а 6 милиони денари се обезбедени преку Скопскиот плански регион. Гази Баба сериозно се развива, реализираме голем број на проекти со кои што ќе ги подобриме условите за живот за сите категории на граѓани, вклучувајќи ги и лицата со попреченост, истакна Стефковски.