среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стефковски во изјава за КУРИР: Ќе ја поддржам секоја одлука на родителите бидејќи и моето дете оди во таа градинка

Стефковски во изјава за КУРИР: Ќе ја поддржам секоја одлука на родителите бидејќи и моето дете оди во таа градинка

Во изјава за Курир, градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски го коментира писмото на родителите на децата кои ја посетуваат детската градинка Детска радост во Автокоманда.

-Писмото го прочитав во медиумите. Јас кажав и на вчерашната прес конференција дека сум загрижен за одлуката на министерката Јованка Тренчевска да ја врати разрешената директорка на чело на градинката. Ја разбирам загриженоста кај родителите бидејќи и моето дете ја посетува таа детска градинка. Што се однесува за најавите на родителите во писмото и како родител, но и како градоначалник на општина Гази Баба ќе дадам поддршка на секоја одлука која ќе ја донесат родителите на вечерашниот состанок, изјави Стефковски.