четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стефковски: Во населеното место Трубарево ја започнуваме 4-та фаза од изградбата на фекалната канализација, проект чија вредност е околу 7 милиони денари

Стефковски: Во населеното место Трубарево ја започнуваме 4-та фаза од изградбата на фекалната канализација, проект чија вредност е околу 7 милиони денари

Кога се работи посветено, домаќински со јасен план и програма тогаш се реализираат проекти во текот на целата година и во сите населени места. Денес заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе направиме посета во неколку населени места во општина Гази Баба, во кои каде во овој момент се реализираат активности за изградба на нови проекти, истакна Бобан Стефковски, градоначалник на општина Гази Баба.

-Во моментот се наоѓаме во населено место Трубарево, местото викано Чукур Маало каде ја започнувате 4-та фаза од изградбата на фекалната канализација, проект чија вредност е околу 7 милиони денари.
Исто така во текон на денешниот ден ќе направиме посета и во населеното место Смилковци каде што се реализира последната фаза од изградба на фекалната канализација, проект вреден околу 8 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на општина Гази Баба.

Она што сакам да го потенцирам во овој период е дека во првиот месец од новата 2023 година на територија на општина Гази Баба се реализира изградба на нова фекална канализациона мрежа во повеќе населени места во вкупна должина од над 7 километри. Исто така во текот на денешниот ден ќе направиме посета и на населените места Колонија, Јурумлери и во населеното место Брњарци каде се одвиваат градежни активности за изградба на пешачки патеки и подготовка за асфалтирање на нови локални улици.

Гази Баба и во наредниот период ќе продолжи да се гради и менува со засилено темпо. Ова е само еден почеток на градежната офанзива која што ќе се реализира во тековната 2023 година, градежна офанзива која предвидува изградба на детска градинка, изградба на нови училишни спортски сали, изградба на нови фекални канализациони системи, изградба на нови водоводни системи, изградба нови спортски игралишта, на детски катчиња и така натаму.

Гази Баба ќе ја направиме едно подобро и поубаво место за живеење, жителите на Гази Баба го заслужуваат тоа, додава Стефковски.