вторник, 13. февруари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Стефковски во посета на првите родени бебиња во Гази Баба

Стефковски во посета на првите родени бебиња во Гази Баба

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски ги посети првите родени бебиња на територија на општина Гази Баба.

-Три машки бебиња се првите нови жители на општина Гази Баба во 2022 година. Среќна и бериќетна ќе биде новата 2022 година! Утрово ги посетив првите нови жители на општина Гази Баба, кои се три машки бебиња. Две се родени на 01.01.2022 година, додека едното е родено на 03.01.2022 година. Им посакувам многу здравје, среќа и успех во животот, напиша на Фејсбук Стефковски.