среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стефковски во Стајковци: Се асфалтираат локални улици

Стефковски во Стајковци: Се асфалтираат локални улици

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски беше во посета на населеното место Стајковци каде што се во тек градежни активности за асфалтирање на локални улици.

Во објавата, градоначалникот Стефковски напиша:

Бев во посета на населеното место Стајковци каде што се во тек градежните активности за асфалтирање на улица 5.

Оваа улица ја посетив пред изборите, а и тогаш и денес го сретнав Јонче. Улица 5 во 2021 година беше без поврзана водоводна мрежа, целосно раскопана и жителите години наназад беа оставени да газат кал.

Денес на улица 5 е решен проблемот со водоводната мрежа и коловозот од улицата се асфалтира.

Јонче денес кога ме пречека ми рече: “Ти навистина си бил човек од збор. Го исполни ветувањето дадено за време на изборите”.

За мене тоа е вредноста во политиката. Ветеното да стане реалност. Нема ништо повеличенствено од тоа кога ќе добиеш признание од граѓаните дека дадениот збор го исполнуваш.
Активностите за асфалтирање на локални улици низ општина Гази Баба ќе продолжат и во следниот период. Оваа година ја реализираме најголемата градежна офанзива за асфалтирање на локални улици на нашата територија.

Инвестирањето на голем иэнос на средства од нашиот буџет эа иэградба, реконструкција и одржување на локални патишта ќе продолжи и во следните години што ќе овозможи не само да се надомести эаостатокот од последните години, туку и да се прошири и подобри патната инфраструктура насекаде низ општина Гази Баба, напиша Стефковски.