четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стефковски: За ДУП ќе одлучуваат граѓаните на Гази Баба, а не урбаната мафија

Стефковски: За ДУП ќе одлучуваат граѓаните на Гази Баба, а не урбаната мафија

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски на својата официјална страна на фејсбук го објави новиот концепт на носење на деталните урбанистички планови со наслов: Јавни и транспарентни постапки за носење на детални урбанистички планови.

На својата страна на фејсбук, градоначалникот Стефковски напиша:

„Почитувани граѓани,

Од денес превземаме нов чекор кон создавањето на целосно отворена општина.

Отпочнуваме со нов концепт на носење на детални урбанистички планови со наслов: Јавни и транспарентни постапки за носење на детални урбанистички планови.

Ги повикувам сите заинтересирани граѓани, здруженија, невладини организации и други засегнати страни на заеднички дијалог во постапката при носење на деталните урбанистички планови.

Во општина Гази Баба во постапка се над 38 детални урбанистички планови кои ќе се донесат согласно реалните потреби на граѓаните, а не по желбите и барањата на урбаната мафија.

Со новиот концепт се става крај на постапките при носење на урбанистичките планови во затворени кругови.

Сите заинтересирани страни за деталните урбанистички планови кои се во постапка можат да дојдат секој вторник и петок од 08:30 до 11:30 часот  кога се реализираат приемните денови во секторот за урбанизам и да се информираат за постапките.

Во следниот период како градоначалник ќе ги поканам на заедничка средба невладините организации и здруженија кои ја третираат областа на заштитата на животната средина и активно ги следат општините во носењето на плановите за и тие да бидат дел од носењето на плановите во општина Гази Баба.

Планската урбанизација и развој на општина Гази Баба ќе се реализира низ отворени и транспарентни постапки во кои последниот збор ќе го има граѓанинот“ – напиша Стефковски.