сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стефковски: Започна реконструкција на училишната сала во ООУ „Григор Прличев“ во Железара

Стефковски: Започна реконструкција на училишната сала во ООУ „Григор Прличев“ во Железара

Започнува реконструкција на училишната сала во ООУ „Григор Прличев“ во населба Железара. Денес направивме увид на градежните работи за реконструкција на училишната спортска сала во ООУ „Григор Прличев“ во населбата Железара, истакна градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

„Со овој проект целосно ќе се реконструира внатрешниот дел на училишната спортска сала, ќе се постави нова гумена подлога како и нови кошеви и останати реквизити.

Со реконструкцијата на салата ќе овозможиме подобри услови за реализација на наставните часови по физичко и здравствено образование.

Продолжуваме со реализација на зацртаните проекти“ – посочи градоначалникот.