недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Стоилковски до Шилегов: Утре приказната ќе продолжи, сите во Скопје ќе знаат дека градиш дивоградба на четири ката

Стоилковски до Шилегов: Утре приказната ќе продолжи, сите во Скопје ќе знаат дека градиш дивоградба на четири ката

Петре Шилегов ГРАДИ ДИВОГРАДБА. Петре Шилегов прави страшен притисок врз медиумите да не ја слушнете вистината, обвинува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

-Петре Шилегов не им одговара на пораките и не им крева телефон на телевизиите за темата! Но, Петре Шилегов залудно ти е се! Фатен си до гуша во криминал! И утре приказната ќе продолжи! И пак сите до еден во Скопје ќе знае дека ГРАДИШ ДИВОГРАДБА НА ЧЕТИРИ КАТА, порача тој.