четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стојановски: Граѓаните нема да му ја доделат довербата повторно на Шилегов поради катастрофалната состојба во која ја остави Матка и Скопје!

Стојановски: Граѓаните нема да му ја доделат довербата повторно на Шилегов поради катастрофалната состојба во која ја остави Матка и Скопје!

Сакам од тука, од бисерот на градот Скопје Долна Матка да му порачам дека граѓаните на Скопје и Сарај нема да му ја доделат довербата повторно поради катастрофалната состојба во која ја остави Матка и Скопје, пишува на својата Фејсбук страница претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Сарај Мартин Стојановски.

Во продолжение целата објава на Стојановски:

Денес прочитав најава на градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов дека повторно ќе се кандидира за градоначалник на идните локални избори.

Сакам од тука, од бисерот на градот Скопје Долна Матка да му порачам дека граѓаните на Скопје и Сарај нема да му ја доделат довербата повторно поради катастрофалната состојба во која ја остави Матка и Скопје.

Никогаш повторно лош татко на градот, дециден е Стојановски.