недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стојкоски: Андреј Стојаноски е спортскиот бисер на Ѓорче, општината ќе ги поддржи вистинските шампиони

Стојкоски: Андреј Стојаноски е спортскиот бисер на Ѓорче, општината ќе ги поддржи вистинските шампиони

Младиот и скромен Андреј Стојаноски е спортскиот бисер на Ѓорче! Импозантен спортист, со високи резултати во пливањето! Еден од спортистите со кои се гордееме, објави градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Тој денеска заедно со претседатеката на Советот на општината Ѓорче Петров, Ленче Нелоска оставриле средба со него пред неговото заминување на СП, кое ќе се одржи во Полска.

-27 годишниот Андреј е вицешампион во пливање на СП во Тексас, соборува државни рекорди, има 5 спортски оскари и над 300 награди и медали. Чест ми е да дадам скромен допринос на овие врвни резултати, затоа што тоа се успеси на Македонија. Спортот е најголем амбасадор на државата, а Андреј со своите успеси на меѓународната сцена придонесува за вистинска промоција на Ѓорче и Македонија. Ѓорче Петров ќе ги поддржи вистинските шампиони и ќе ги мотивира кон нови спортски дострели. Шампионе, среќно и те чекаме на “златната порта” со медалот од Гливице, пишува Стојкоски.