Превенираме, за да спречиме несреќа. Безбедноста на секој наш сограѓанин е важна. Веќе имало случаи на паднати дрвја кои биле суви, но досега, тие не се отстранети, објави градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
-Со службите од Паркови и зеленило при Град Скопје, отпочнуваме со сеча на исушените дрвја (тополи), кои се опасност за секој што минува на патот Волково-Орман, но и за жителите кои имаат свои поседи и работат на околните ниви.
Вработените во Ѓорче Петров се ажурни, го слушаат сечиј глас и постапуваат. Бев на терен со нив и се уверив, имаме стручни луѓе кои ќе бидат клучни за да се справиме со сите предизвици, објави Стојкоски на својот Фејсбук профил.