сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стојкоски: Општината денеска го чествува 14 Ноември- Ден на ослободување на Ѓорче Петров, ние мора да бидеме херои на денешното време

Стојкоски: Општината денеска го чествува 14 Ноември- Ден на ослободување на Ѓорче Петров, ние мора да бидеме херои на денешното време

Општина Ѓорче Петров денеска го чествува 14 Ноември- Ден на ослободување на Ѓорче Петров. Да ја негуваш љубовта кон татковината истовремено со борбата за слобода е одлика на храбри јунаци. Такви херои се печат на историјата. Токму денеска, на 14 ноември, ја славиме слободата. Ова е денот на историскиот пресврт кога нашето Ѓорче Петров е ослободено во антифашистичка борба, вели градоначалникот на општината, Александар Стојкоски.

-Ѓорче Петров и денеска е столб на непокорливоста, слободата и промените.
Јас како градоначалник, заедно со мојата администрација секојдневно се залагаме за сите жители да имаат квалитетни услови за живеење.
Ние мора да бидеме херои на денешното време. Имаме на кого да се угледаме и од кого да учиме што значи љубов кон државата, борбеност, истрајност и упорност.
Ова Ѓорче кое сите го сакаме нека биде и натаму одбележје на еднаквоста, сплотеноста и обединувањето.
Слава им на борците. Нека е вековит денот!
Да живее слободно Ѓорче Петров!
Да живее слободна Република Македонија!, пишува Стојкоски на Фејсбук.