По повод 9 Мај- Ден на победа над фашизмот со положување цвеќе на споменикот на НОБ во паркот оддадовме почит на борците кои го дадоа животот за слободна држава и независност, истакна градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
-Благодарение на хероите низ историјата, денес живееме мирно, уживајќи ги привилегиите на слободата.
Почит за борците за суверена Република Македонија.
Нека им е вечна слава!, додава Стојкоски.