Продолжуваме со реализација на расчистување на дивите депонии на повеќе локации во општината со поддршка на Град Скопје и јавните претпријатија.
Расчистуваме во делот на индустриската зона на Шарпланинска, по што ќе продолжиме и на депонијата во Орман и во Хром на кејот на реката Вардар.
Ѓорче станува чиста општина!, пишува во својата објава градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски.