Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски продолжува со секојденвните теренски активности и решавање на проблемите на граѓаните.
Вели, не му е тешко да гази по патот каде неговите сограѓани газат секојдневно.
-Бев во Никиштани и Орман, две села кои имаат свои обележја. Тука, голем дел од нашите сограѓани се занимаваат со земјоделство. Ние како општина, ќе направиме сѐ да им го олесниме производството и пристапот, а и да ги мотивираме!
ЗАТОА: Се тампонираат пристапните патишта до обработливи површини во Никишатни и Орман! Веќе овој зимски период ќе биде полесен за пристапот до нивните ниви, без куп кал и шут. Секој заслужува внимание и помош, а ние правиме се што можеме за сето ова да стигне до секој жител на Ѓорче.
Ѓорче се менува, нема повеќе заборавени места. Секој дел од нашата општина веќе се развива рамномерно. И да, ова е почеток! А има да го направиме Ѓорче најубаво, за сите, вели Стојкоски.