Општината претставува еден сервис на граѓаните која што треба да им пружи пристап на граѓаните и да ги задоволи нивните потреби, и ако сакаме да создадеме здрава општина потребно е воспоставување на здрава општинска администрација, истакна кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, во гостување на Телевизија Сонце.
Тој се обврза за реализација на еден капитален објект а тоа е Ѓорче Петров без кал, и со ова сакаме луѓето да имаат конечно современи услови за живот во 21 век.
Кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров истакна дел од проектите за реализација а тоа се :
-Планираме изградба на еден нов голем парк во Месноста Дексион, кај Јурија, наместо изградба на 55 метарски згради како што тоа го планираат СДСМ.
-Предвидуваме изградба на спортско рекреативен центар во населба Хром , со содржини на паркови, фудбалско игралиште и спортско рекреативен центар со фитнес зони, веднаш до фудбалскиот терен ,, Млади Лавови,,.
Тој додаде дека предвидено е и санирање на дивата депонија кај Ново Село, изградба на над 20,000м2 нови паркови на територија Општина Ѓорче Петров, а исто така предвидено е и регулација на коритото Лепенец во соработка со Градот Скопје.