четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стојкоски: Ставаме акцент на развивање на социјалните услуги на територијата на општината Ѓорче Петров

Стојкоски: Ставаме акцент на развивање на социјалните услуги на територијата на општината Ѓорче Петров

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денеска ги посетил Зоран и Стефан, лица со целебрална парализа од Волково.

-Во природата на делувањето ми е да помагам, но овојпат како градоначалник должност ми е да бидам прв сојузник со жителите од социјално – ранливите категории. Сакам да упатам јавна благодарност до сите физички и правни лица, како и до мојот предходник Наумоски за заложбата семејството Петровиќ да добие подобри услови за живеење и нега на своите деца. Во мојата програма во следните четири години акцентот е ставен на развивање на социјалните услуги на територијата на општината Ѓорче Петров. Проектот опфаќа помош и нега во домот на овие деца, што е новитет во социјалната сфера, вели Стојкоски.

Посочува дека ако не може државата, тогаш тие ќе направат семејството Петровиќ да добијат свој простор, еднаков за сите луѓе.

-Апелирам до сите донатори кои сакаат да помогнат и на ова семејство да му подарат зрак надеж, бидејќи не смееме да заборавиме дека сите деца се еднакви, пишува градоначалникот на Општина Ѓорче Петров.