Mинистерот за транспорт и врски, Горан Сугарески оствари работна посета на општина Илинден, при што се сретна со градоначалникот Жика Стојановски.
Во изјавата за медиумите по средбата, министерот Сугарески истакна дека посетата се реализира во рамките на посетите на општините од страна на Министерството за транспорт и врски, додавајќи дека градоначалникот Стојановски го информирал за тековите и идни проекти во општината.
Градоначалникот Стојановски истакна дека на средбата се разговарало за начините и можностите за реализација на капитални проекти, посебно во делот на патната и комуналната инфраструктура.
-Локалната самоуправа е подготвена во делот на проектната документација, одредени проекти се поднесени. Целта е како да најдеме можности за да ги реализираме проектите кои што се дефинирани како приоритет од страна на граѓаните и нивна реализација и со тоа подобрување на условите и квалитетот на живот на граѓаните во општина Илинден, истакна градоначалникот Стојановски.