среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Свлечиште во Козле го уништува патот и им се заканува на куќите: Општина Карпош нема пари за санација

Свлечиште во Козле го уништува патот и им се заканува на куќите: Општина Карпош нема пари за санација

Свлечиште се заканува да однесе неколку куќи во дол во скопско Козле. Жителите од улицата „Ловќенска“ 4 стравуваат за нивната безбедност. Тврдат дека патот почнал поинтензивно да се свлекува пред 10-тина дена поради обилните врнежи од дожд, објави Сител телевизија.

-Може цел пат да се свлечи и може и овие куќи да ги повлече, изјави Ристо Андоновски, жител на улицата.

Жителите од овој дел на  Карпош се соочуваат и со дополнителен проблем бидејќи немаат канализација, а септичките јами почнале да се преполнуваат. Цистерните не можеле да дојдат  да ги исчистат поради пропаднатиот пат.

-Оваа куќа карши нас има проблем со канализацијата, дошле со камион вчера и човекот од службата  несакал да да ризикува и почнала да се полни јамата, изјави Стоиле Петковски, жител на улицата Ловќенска во Козле, пренесува Сител.

За санирање на проблемот доставиле барање до општина Карпош, но од таму се уште немаат конкретна помош. Но, не е само оваа свчечиште, патот кој води до Водно пропаѓа на уште неколку места.

-Доставивме барање и бевме во општината, но градоначалникот не не прими, додаде Петковски.

Од општина Карпош одговорија дека преземаат мерки за решавање на проблемот.

-Станува збор за сериозни пукнатини, и за тоа потребни се гео – механички испитувања, со цел да се изградат т.н. шипови – потпорни ѕидови.Точно е дека за дефинитивно решавање на проблемот се потребни значителни средства, меѓутоа, безбедноста и заштитата на граѓаните е приоритет и Општината ќе постапи во најскоро можно време за надминување на проблемот, се вели во одговорот од општината.