Александар Трајановски советникот од советот на Град Скопје од коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, ГРОМ на денешната седница на Советот на која се дискутираше за преименување на улиците, рече дека постапката е нетранспарентна и граѓаните воопшто не се информирани.
-Кога тврдите дека постапката е транспарентна повлекува неколку прашања, па сепак еве три седници кубуриме со листата на имиња кое што се формулира и самото именување односно распределбата кажува дека не сте транспаренти. Нема воопшто транспарентност во постапката. Вие да кажувате кој е во право а кој не, мислам дека ниту функцијата претседател на Совет на Град Скопје не ви ја дава, така да мој став или вашиот став, или ставот на некој колега советник не мора да се исти и ако некои од колегите советници или јас кажувам дека постапката е нетранспарентна, а вие кажувате дека е транспарентна, тоа значи дека не е транспарентна, односно тоа значи дека немаме консензус и дека и нема согласност од советниците, а камо ли пак јавноста. Ова дополнително укажува дека јавноста воопшто не е информирана, вели Трајановски.
Тој истакна дека неговата улица каде што живее ќе се преименува и ќе носи име на албански државник, укажувајќи дека тој нема информација дека во главниот град во Албанија, Тирана има улица со македонски државник.
-Јас живеаам на улица „Благој Паровиќ“, сега истата улица ќе се преименува во Исмаил Камили, никој, буквално никој во маалото каде што живеам, особено парниот број на улици кое што се наоѓаат 76 единици на домување, индивидуани и колективни, не се информирани ниту прашани, вели тој.
-Еве да прашам Исмаил Камили од она што го прочитав на интернет е дека бил првиот министер за надворешни работи на Албанија, и тоа е се во ред, но јас немам информација дека во главниот град на Албанија, има име што носи на македонски државник, истакна тој.
Трајановски, праша дали воопшто знаат колку оваа одлука ќе влијае финансиски на фирмите, додавајќи дека токму адвокатската канцеларија Петре Шилегов исто така поседува лиценца за регистар на правни лица и измена во регистарот.
-Дали знаете колку се финансиските импликации за едно правно лице за промена на седиште, вкупно колку изнесуваат? Дали знаете дека адвокатската канцеларија Петре Шилегов исто така поседува лиценца за регистар на правни лица и измена во регистарот? Вкупниот трошок на едно правно лице ќе изнесува 100 евра, вклучувајќи ги сите такси, давачки и адвокатската такса, рече Трајановски.
-Ова нема никаков придонес на градот Скопје, заклучи советникот Трајановски.